Десетина уметници и дизајнери на модни додатоци и украси ќе учествуваат на третото издание на изложбата „Природба“, која на 19 декември со почеток во 20 часот ќе се одржи во арт-кафе „Концепт 37“. Љубителите на современиот македонски дизајн ќе може да ги погледнат уникатите на Марта Мојсова со Spin, Илина Арсова, Глигор Кузмановски, Мелина Танчева Цветаноска и Мики Цветаноски со „Текаше“, Doppio M, Ruki Chuki, Марија Рафаиловска со Knitten Designs, Канео 2012, Fabrika 13 и LaSoy. Пристутните ќе ги забавува диџеј Ulterior.
Нема коментари