Трендовски, но и класични венчаници ќе бидат претставени на третото издание на The Bridal Fashion Night, што ќе се одржи на вечерва, 5 февруари, во 19 часот, во Македонскиот народен театар во Скопје. Вечерта која е во организација на Моден викенд Скопје, ќе ја отвори салонот за венчаници „Зиане“, кој по 22 години од своето работење се сели во нов салон на досегашната локација во трговскиот центар „Беверли Хилс“ во Скопје.
На вечерта посветена на венчаници, свечени тоалети и се она што е потребно за организирање на свадбениот ден, ќе ги видиме и ревиите на домашните ателјеа за венчаници „Ал Апарел“ со најновата колекција „Ретки бисери“ и Elizabet design studio кои од неодамна се наоѓаат во центарот на градот.
По трет пат учествува и косовската модна куќа „Менакон“ чии креации ги потпишува Надире Зимбери. Од Косово премиерно ни доаѓаат дизајнерката Теута Матоши- Дурики и ателјето Vlora&Kaltrina fashion designers со колекцијата Precious dreams . За декорација на просторот ќе се погрижи Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа –Бу“.
Манекенките ќе ги разубавува официјалниот партнер за фризура „Lakme“ во соработка со салонот за убавина Beauty Bar, како и Аура-официјален партнер за шминка на третиот The Bridal Fashion Night . За целосна нега на вашата природна убавина , веќе познатите L’Erbolario. Ателјето AVA е задолжено за дизајнирање на свадбени веселби, свадбени декорации и професионално осветлување. Moet и понатаму останува присутен во сите важни моменти во животот. Peugeоt и овој пат ќе понуди соодветно возило за идните семејства, кое ќе ги задоволи барањата и на најпребирливите клиенти.
„Пелистерка“ традиционално останува официјална вода на настанот и верен поддржувач на македонската мода и убавина, а винаријата „Камник“ ексклузивен партнер за сите венчавки. „Настанот кој веќе прераснува во традиција , од претходните искуства покажува дека идните невести кои присуствуваат на ревиите многу полесно го наоѓаат својот вистински модел бидејќи имаат можност веднаш да го видат комплетниот изглед (шминка, фризура и фустан)“, велат организаторите. Покрај организацијата на најголемиот моден настан што се случува кај нас, Моден викенд -Скопје по трет пат го организира – The Bridal Fashion Night, кој воедно е и прв од ваков тип во Македонија.
Нема коментари