Приказната за тоа кој кого инспирирал и кој ги поттикнал трендовите во модата се како таа за кокошката и јајцето. Кој е прв? Кој прв се сетил за одредени модни новитети, кој на кого се угледал?…. Ако до пред неколку години модните писти и магазините ги наметнуваа трендовите, со зголемување на моќта на блогерите и на социјалните мрежи, нештата се променија. Улицата роди и наметна многу трендови, а обичните луѓе станаа инспирација за дизајнерите и ѕвездите.
Тркалото на модата постојано се врти, некои трендови си одат други доаѓаат, но повеќето се враќаат, освежени со подобрена технологија и дизајн и прилагодени на новите купувачи. И ако во минатото, под притисокот на модните трендови многу поединци можевме ги да видиме во креации за кои претходни немале афинитети или не биле нивен стил, сега тоа може да го кажеме за модни куќи и брендови.
Таков е примерот со брендовите за висока мода, како „Шанел“ и „Диор“, кои сакајќи да им се приближат на новите генерации, очигледно инспирирани од уличната мода, во своите пролетни колекции вметнаа патики. Додека едни мислат дека ова е знак дека компаниите станале модни жртви, други се свесни дека ова е промислен пазарен чекор. Овие патики, кои прават чекор напред во високата мода се изработени од тантела и се украсени со кристали и чинат вистинско богатсво.
Патиките како додаток во уличната мода се присутни подолго време….Тие „трчаат“ маратон подолго време отколку што многумина предводуваа. Изминатите неколку сезони добија повеќе модификациии, а се сменија и повеќе трендови на нивно комбинирање. Оваа пролет тие истовремено се идеална комбинација за со панталони со принт, со молив здолниште или со мини фустан или здолниште во стилот на 50-тите. Се носат и во свечени комбинаци, со фустани од тантела или во елегантна, со здолништа и сакоа, а не се изоставени ни лежерните споеви со шорцеви, комбинезони и панталони во повеќе широчини…
Од актуелност никогаш не излегуваат „старките“, а добри за секојдневниот изглед се и сепадрилите и шарените платнени модели. За тие што сакаат да спојат елеганција и спортски изглед се препорачиваат патиките со потпетици. Не станува збор за класична потпетица, туку тие се со подигната пета и подебел ѓон. Овеи модели ги има со лепенки и врвци.
Сепак најголем хит оваа сезона се спортските модели, особено тие што обично се носат за трчање или за тренинг . Иако се груби, во споредба со другите модели, тие може да бидат женствени, ако се искомбинираат соодветно. Најмногу ги има во црна и бела варијатна и најчесто се со некој дреч-детал…Доста се носат и во неонски нијанси на розова, жолта, зелена, портокалова и сина. Има и такви со шарени елементи.
Комбинирајте ги како и секоја друга обувка, со тоа што патиките ви даваат поголема слобода во изборот на другите додатоци и не ве ограничуваат со бои. Па така, не е страшно ако на себе имате облека во темна боја, црна или темносина, а притоа носите бели патики. И обратно, по дефиниција, ако носите бела облека не значи дека таа нема да се совпаѓа со црните патики, напротив внимавајте на дригите елеманти од имиџот, изберете некоја полежена или спорска чанра, може да вметнете и колоритен накит или палто.(А.Н.)
Нема коментари