Во ормарот на секоја жена треба да има мал црн фустан и ѓердан со бисери. Ова базично модно правило изминативе декади е надополнето со неколку безвременски парчиња без кое не може да се замисли имиџот на секоја девојка и жена: класично палто, добар чифт фармерки, црни салонки и еден мантил. Без разлика дали преферирате спортски, кежуал, елегантен или поекстравагантен имиџ, мантилот се вклопува секогаш.
Во есенскиот и пролетниот период можете да го носите буквално цел ден, идеален е за секоја пригода. Во моментов се актуелни ретро кроевите, долгите меки мантили, со машки крој и во стилот на модата од 70-тите. Лежерните модели се во крем, војничко зелена, светло кафена и нежно розова боја. Трендсетерките носат модели направени од свила, сатен, кашмир и вискоза.
Може да ги комбинирате со отмено молив здолниште и класични кошули, долги или килот панталони со блуза во пруги, или пак со миди фустан и здолниште во стилот на 50-тите и 70-тите. Актуелните избледени и сечени фармерки исто така одлично одговараат со меките долги мантили.
Покрај флексибилноста во комбинацијата со парчиња облека, овие ретро мантили лесни се за комбинација и с различните видови обувки, чанти и капи. Подеднакво совршено ќе ви стојат со патики и со високи потпетици, чизми и сандали. (А.Н.)
Нема коментари