Практични, младешки и модерни, за девојки и момчиња во постојано движење, ранците изминатава година доживеаа успешен камбек на модната сцена. Модните блогерки веќе претставија неколку интересни модели и смели и впечатливи комбинации со истите. Откако овој тренд го прифатија и модните куќи како и брендовите за секојдневна мода, сега има поширок избор. Се носат ретро модели , прилагодени на потребите на современите мажи и жени. Претстојната есен ќе се носат пред се кожени модели, во црна, темноцрвена, темносина и кафена боја. Може да изберете и винитџ модел, уникатен ранец со етно шара,со реси, со впечатлив принт и со сошиена апликација. Похрабрите може да изберат ранец инспириран од детките играчки, со мечиња и шари интересни за најмладите. Величините се различни, а формите варираат од клаични, јајцевидни, коцкасти, со црвца за собирање на горниот дел, како мини куфери, а има и такви кои наликуваат на мини чантичка… Овој моден додаток може да го носите на работа, на ласови, в кафуле, семејни прошетки и патувања, на велосипед, па и на деловен состанок или патување, доколку кодексот дозволува. Во ранците ги собира сите неопходни нешта : документи, лаптоп, таблет, опрема за вежбање… Иако станува збор за унисекс додаток, сеак има разлики во трендовите и моделите создадени за двата пола. Кај мажите оваа есен ќе бидат актуелни ранците со принт, спортските, со сајбер и апстракни шари, индијански мотиви и со налепници. За покалсичните понудени се кожни модели, во кафена, црна и темнозелена боја, како и ранци кои се видозименета фпрма на старите планининарски модели, направени од т.н. шаторско крило, кои не пропуштаат дожд и се долготрајни. Овие модели се дополнети со ретро апликации и приврзоци.
Нема коментари