Долгите џемпери со нагласен волумен, неколку зими по ред се носеа со хеланки, хулaхопки и со високи чизми. Се моделираа со колани, долги ѓердани и со пончо. Иако оваа година се надминува тој тренд, не значи дека треба да ги оставите во својот гардеробер омилените долги џемпери, напротив, можете да ги употребите во топли, удобни и модерни комбинации. Една од нив е спојот на плетените туники и фустани врз здолниште. Џемперите можете да ги споите со разни типови на здолништа: памучни, плетени, кожени од твид, со тантела, плисе, со металик сјај, во молив форма до колена, долги со волумен, миди модели како во 50-тите и со мини. Врз џемперот може да ставите колан, елек, масивен ѓердан или пак марама. Носете ги со чизми до глужд, мокасинки, патики или обувки на високи потпетици.
Нема коментари