Оскаровскиот црвен килим покрај тоа што поставува повеќе модни трендови, наговестува и какви фризури, шминка и накит ќе се носат. Годинава можеа да се забележат неколку тенденции, од кои се издвојуваа синхронизирани сенка и кармин во иста боја, како и носење накит во коса или како продолжение на облеката.
Со неколку исклучоци, холивудските актерки годинава речиси сите имаа природна шмика, со нежни розови, крем, светлокафени, златеникави и нежнопортокалови тонови, Усните и очите имаа сличен тон, кој ги става во преден план убавите црти на нивните лица. Дел од ѕвездите ги имаа истакнато очите со малку туш, или со сенка во впечатлива боја.
Годинава венчињата или мини тијарите беа хит. Во склад со целосно црвениот стајлинг, со фустан од „Валентино“, номинираната за „Оскар„ Рут Нега носеше темноцрвено венче со кристали.Салма Хаек, пак, имаше дикретна кристалјна круна, која одличнос е вклопи во романтичниот изглед со цриот фустан од тантела. Иако носеше фустан богат со детали, Џанел Моне не се плашела да се докомплетира со впечатлив накит, кој вројуваше и златна круна.
Се чини неизбежно е навраќањето на стариот холивудски гламур, во стилот на 40-тите, со брановита една страна на косата, црвен или бордо кармин и долги светкави обетки. Во овој стил беше изгледот на годинашата добитничка на „Оскар“ Ема Стоун , како и на моделот Карли Клос, Ема Робертс, Ејми Адамс, Кејт Бекинсејл, Лили Колинс, Дарби Стенчфилд и други.
Судено според тоа што можеше да се види на црвениот килим, се враќа во мода правата пеглана коса, со каква се појавија Пријанка Чопра, Наоми Харис, Џенифер Анистон и Дакота Фенинг. Најголема трансформација имаа Хали Бери, која ја носеше косата природна како што и е, со кадрици во афро стил, а изненади и Вајола Дејвис со кусо потсрижаната коса со шишки. Дека куса коса добро прилега на црвениот кили покажаа и Џанел Моне, Мишел Вилијамс и Скарлет Јохансон.
Доминацијата на металик трендот и златната боја кај облеката се рефлектира и во изборот на накит, па покрај традициолните дијамантски и кристални обетки, ѓердани и прстени, овој пат можеа да се сретнат масивни парчиња накот кои се дел од самата облека . Таков беше ѓерданот на Џесика Биел, кој беше споен со златниот фустан.
Нема коментари