Покрај трендовите за облека, боја и стил, што ги поттикнува модата на црвените килими на големите настани како „Златен глобус“, „Оскар“ или „Греми“, изборот на шминка, фризура и на накит на актерките, исто така има влијание. На неодамна одржаната церемонија на доделување на наградите „Златен глобус“ доминираше природниот изглед, со дискретната шминка со нежни тонови, и лелеави фризури, без многу драматични додатоци.
Забележливо беше и враќање на стилот од златната ера на Холувуд, со пуштена долга коса со кадрици на едната страна, како Рис Витерспун, Џулиен Мур, Дајан Кругер, Ејми Адамс, Џесика Частејн и Алисон Вилијамс. Имаше и дами што се одлучиле за поромантичен носталгичен изглед со плетенка собрана во венец, како на Џоан Фрогат, Кира Најтли и Емили Блант, или нележерно прибрана фризура како кај Лорд, Фелисити Џонс и Клер Дејнс, но и такви што ја собрале косата во пунџа или опавче со залижување.
Најжешкиот тренд на кадрава боб фризура, одлично им прилега на урбаните Ема Стоун и Сиена Милер. Покрај чистата природна шминка дел од актерите ги нагласиле очите со т.н. зачаден поглед.
Традиционално, холивудските убавици блеснуваат со дијамантски накит и со модели направени според последните трендови во изработката на модни додатоци. Во случајнот поголемиот број на стилисти одлучиле да ги комбинираат свечените тоалети со впечатливи обетки, само мал дел имаа ѓердани.
Нема коментари