Модата постојано се ниша како клатно – она што еднаш било во мода, неизбежно се враќа назад повторно. Кога станува збор за машката мода, модното клатно сега се наклонува на несјајната страна – мат костум или неговата ултимативна верзија, костумот од сив фланел.
Изработен од волна, фланелот е мека ткаенина која низ процесот на четкање се здобива со изразена дополнителна мекост. Во тој процес се користи фина метална четка која го трие материјалот за да се создадат фини влакна од предивото кое лесно се четка.
Зборот фланел се смета дека има велшко потекло. Терминот flanelle почнува да се користи во доцниот 17 век, и германскиот flanell прв пат е виден во почетокот на 18 век. Во 19 век, фланелот се произведува во велшките градови Њутаун, Монтгомершир, Хеј и Лианидлос.
Во основа разликата меѓу велшкиот, јоркширскиот, ланкаширскиот и ирскот фланел во голема мера се должи само на суровата волна која се користи во секоја област: некои се помеки и пофини од другите. Првобитно развиена за како воена облека фланелот се разви во луксузна ткаенина станувајќи се повеќе рафиниран во текот на последните сто години. Денес колоритот на фланелот е продуциран со боење, додека оргинално тоа порано се постигнувало со мешање на волни со различни колорити во различни количини.
Изненадувачки современ, сивиот фланелен костим изгледа одлично на сите возрасти. Како твид тоа е исто така екстремно практична опција за постудените месеци од годината.
Изгледа одлично во комбинација со класична кошула и вратоврска или со некое парче од мерино трикотажа. Џемпер од мохер или кашмир со фина текстура или поло кошула од трикотажа исто така изгледа одлично под костум, врз игра заснована на својата тактилна природа.
За оваа сезона есен-зима 2014 сивиот фланелен костум е виден на пистите кај повеќе дизајнери и брендови, кај „Фенди“, „Луј Витон“, „Валентино“ и кај Maison Martin Margiela, најавувајќ го голем тренд.
Многу повеќе од само минлив тренд, сивиот фланелен костим е безвременско парче во машката облека и исплатлива инвестиција за секој модерен професионалец. И без многу грижа околу разбирањето на луксузноста и џентелменската префинетост, ова парче нуди сестраност и е практичен прилог кон секоја зимска гардероба.
Нема коментари