Црвени чизми, животински принт, голем џемпер, џинс, копула со панделка, сребрени детали се само дел од трендовите за оваа есен што шведскиот бренд H&M ги најавува со својата нова фотосесија. Надоврзувајќи се на своите летни линии, етикетата нуди и модели со цветен принт, џинс здолниште и маички со пруги и принт.
Оваа есен дефинитивни ќе ја дочекаме со колортни џемпери како и беретки и плетени капи . H&M нуди зелени и црвени плетени парчиња, кои одличноодговараат со припиени ретро фармерки.
Џинсот го комбинираат и со свилен фустан , плетена блуза со голи рамена, едноставна беламаичка по кратки ракави, а врз нив долг сив капути и бунда или мантил со леопардов принт. Оваа шара е присутна и кај чизмите.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари