Разголените раменици се новото деколте! Така барем сметаат познатите блогерки и ѕвездите на уличната мода фотографирани во горни делови и фустани кои ги откриваат горниот дел од рамениците и вратот. Овој стил на „случајно ми се лизна горниот дел“ е совршен за лето и изгледа шик и ненаметливо сексапилно. Комбинирајте топ со спуштени раменци со шорцеви, панталони со висока половина или миди здолниште со А-крој. Доколку пак сакате фустани, може да најдете модели во стилот кој што го негувате, од бохо преку романтичен до минималистички.
Нема коментари