Кога темпертирата е под нула бираме топла и плетена облека која ќе не згрее, но и ќе ни овозможи шик изглед. За овие студени денови ви предлагаме волуменозни плетени ролки во неутрални тонови, како сива или беж, но и црни и тегет модели. Новиот шик начин на носење ролки е минималистички, нема потреба од претеран стајлинг и голем број модни додатоци. Ролките добро се комбинираат со класично палто, твид-здолнипште со кружен крој, чанта со класичен облик, фармерки и обични салонки. Правете монохроматски споеви или сите бои нека припаѓаат на неутралната палета. Во однос на украсувањето, доволно е да вметнете еден детањ – деликатен слој на тантела што ѕирка под ролката, впечатливи обетки или еден ѓердан, чизми со необични потпетици или мала чанта.
Нема коментари