Актуелните блузи и кошули со разголени рамена иако се впечатливо парче облека, сепак може да поминат незабележано ако не се комбинираат соодветно. Повеќе пати пишувавме дека одлично одговараат со едноставен долен дел, еднобојни килот панталони со прав крој, изветвен џинс, долги широки панталони, шорцеви… но, сепак добитна комбинација за ова лето е со миди здолниште. Спојот може да биде меѓу горен и долен дел во контрасни тонови, со различни принтови, но и со ист материјал. Овие комплети може да се носат на работното место, на одмор, на ноќните излегувања и во секојдневниот елегантни, но и кежуал имиџ. Спојте ги со сандали со висок ѓон, во стилот на 70-тите, со еднобојни патики или со mule-чевли. Блузите и панталоните со ист принт може да ги разиграте со елече, колан или чанта во друга боја.
Нема коментари