Фармерките се задолжителен дел од нашата гардероба, ги има во разни форми и должини, но овој модел што го носи актерката Ема Робертс се предвидува дека ќе биде хит во 2016 година. Со висок струк, малку избелени, фармерките ја следат линијата на телото, се шират надолу во форма на благ трапез, а новина е должината над глужд и ресестиот завршеток. Ѕвонестите фармерки како од 70-тите повторно се вратија, но оваа верзија е сосема нова и осовременета. Ваквиот модел на џинс беше дел од колекциите на брендовите J. Brand, Citizens of Humanity и Vetements. Модните блогерки и уреднички минативе месеци веќе ги носеа ваквите фармерки, во комбинација со кошули или џемпери, со необични палта и со впечатливи чевли, а се очекува да се најдат во понудата на пролетните колекции на големите хајстрит брендови.
Нема коментари