Карирани, во впечатливи бои, со пепито шара, долги или со двојно лице, шаловите и марамите налик на ќебе и оваа зима го обвиткуваат и финализираат зимскиот стајлинг. Покрај масивните џемпери, долгите капути и мекани кадифени бунди, оваа сезона доста се актуелни дебелите марами. Се носат врз капутот, нагрнати како почно врз рамената, свиткани околу вратот, ставени делумно на глава делумно кај околувратникот, нафрлени на едно рамо, или пак струкирани со колан во линија на палтото. Најносени се моделите со актуелната карирана шара, во црно-бело-сива варијанта, или со црвени сини и жолти елементи. Се носат и модели кои се пачвор од разнипринтови, а во понудата на хајстрит брендовите има и модели со ведри нијани со пруги, налик на шаловите што ги носевме во детството. Пожелно е да изберете правоаголнест модел или шал кој е долг колку што сте високи, тоа е оптимална должина за да може да го користите на повеќе начини. Бирајте модел од природни влакна.
*Не е дозволено пренесување на содржината на
www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари