Опсесијата со фустаните на преклоп на австралискиот бренд Realisation Par се чини никако да опадне. Откако речиси секоја влијателна блогерка се фотографира со некој од кратите модели на преклоп, со карнери и со бели точки, за кои пишувавме, ново омилено парче е зелениот фустан со цветна шара.
Станува збор за модел на преклоп, во една од најактуелните нијанси за ова лето- пастелната зелена, а низ него се повторуваат гранки со бел цут. Фустанот е најчесто во миди верзија, а го има и во покрака варијанта, но без преклоп.
Трендсетерките летово најмногу го носат со сандали и патики, а може да сесретнат и комбинации со кратки чизми или високи потпетици, во зависност од пригодата. Досетливите девојки ја користат флексибилноста на преклопот, па го носат како горно парче облека-кимоно или наметка, во комбинација со фармерки, бела маичка со принт или шорцеви под него.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари