Омилениот вид панталони за ова лето се дефинираат како culottes, дел од модниот вокабулар што треба да го знаете. Но, кај нас килоти се однесува на вид на долна облека, додека сезонава под culottes подразбираме спој на панталони и здолниште. Всушност, терминот доаѓа од францускиот збор кој означувал машки панталони до колено, дел од стилот на џентлемните од времето на доцната ренесанса до раниот 19 век, а денес се однесува на парчето облека кое од далеку изгледа како широко здолниште и е всушност панталони со широки ногавици со должина под колена.
Популарен во 70-тите години од минатиот век, стилот на здолниште-панталони со миди должина повторно е актуелен сезонава, како во модните колекции на големите дизајнери (Hermes, „Малбери“, Филип Лим, Емпорио Армани, Проенза Скулер), така и во уличната мода. Со ова парче облека добивате две во едно – удобноста на здолништето и функционалноста на панталоните. Се комбинира со кратки топови, туники, класични кошули, сакоа со принт, потоа со интересни плик чанти и скоро со чекаков вид на обувки – челси-чизми, ниски сандали, чевли во оксфорд стил, женствевни високи сандали со ремче околу глуждот, па дури и со патики.
Нема коментари