Повеќето жени порадо би ги разголеле градите и нозете отколку стомакот. Оваа слаба точка за повеќето дами, е еден од најголемите предизвици во модата. Како да се избере соодветен краток топ и притоа во него да се чувствувате опуштено и убаво. Летото е идеално за вакви модни екперименти.
Овој тренд од 90-тите се актуелира во уличната мода, и тоа не само во спортските и кежуал изданија, туку и во поелегантните и урбани секојдневни изгледи. Секако, може да се проба и да се носи и на плажа и за време на патувањата. За тие што сè уште не се омелиле да набават кратка маичка, препорачливо е да пробаат со веќе добро познати и успешни комбинации. Изберете маичка и здолниште или панталони во иста боја, тоа ќе одава впечаток дека станува збор за едноделен модел.
Комбинирајте поширок модел на кратка блуза со панталони или здолниште високи над папокот. Можете да набавите и еден од актуелните бохо маички со карнери, или блуза со голи рамена, која одлично ќе се вклопи и во имиџот за покрај плажа. Носетее ги со долги лелеаво здолништа килот-панталони или со шорцеви. Исто така тука се и џинс мини здолништата и шорцеви. За во урбана средина изберете долги широки панталони, килотки, миди здолниште или пак фармерки.
Нема коментари