На модната сцена се врати еден стил од минатото кој понекогаш нè потсетува на детството, но и на изгледот на дедовците – плетен елек со плетенки, со линии во разни бои и ромбoви, со скандинавска шара во плетката или сосема клот.
Но, новата интерпретација и начините на кои сега се носи плетениот елек е далеку од старински и дедовски изглед, варијациите на кои периодов го носиме елекот се доста модно напредни. И крајно трендовски.
Нема ресрикции во однос на боите, кројот или текстурата. Може да биде класичен модел во V-изрез, со традиционална колор палета, со затворен горен дел во вид на ролка или плетка на плетенки.
Но, се чини дека најпопуларен е кога елекот се комбинира со бела кошула под него, а потоа се стилизира со кожени панталони, широк модел на панталони, плисирано здолниште или оние посмелите ќе го носат дури и врз фустан.
Нема коментари