Лелеавите ѕвонести ракави се враќаат во тренд. Во колекциите на познатите модни брендови за секојдневна мода, како „Зара“, Манго“, H&М и други, застапени се кошули, блузи и фустани со ракави со нагласени карнери, кои ќе го зачинат секојдневниот бизнис-изглед со раскош и драматичност.
Кошулите со ѕвонести ракави може да се носат со каслични молов здолништа, со панталони со различна ширина, долги , припиени за телото или килот модел. Овие модели одлично одговараат и со фармерки, прават баланс и му даваат посвечени елегантен тон на џинсот. Врз кошулите со нагласени ракави може да носите елек или комбиензонки. Украсете со впечатлив ѓердан, марама или со уникатен брош. Носете ги со џемпер чии ракави може да ги соберете за да се видат тие од кошулата.
На улиците на големите модни центри креациите долги широки ракави зачестија минатата сезона, кога можеа да се видат интересни комбинации со фрамерки, со впечаливи здолништа, широки панталони , но и поедностави минималистички варијанти, со бели здолништа и панталони со прав рој.
Нема коментари