По масивните ѓердани, многу прстени или алки на една рака, кај накитот оваа сезона најактуелни парчиња се големите обетки. Во колекциите за пролет-лето 2017 на познатите модни куќи уште минатата година беше лансиран овој тренд. За време на модните недели во Њујорк, Лондон,Милано и Париз минатата есен, како и оваа зима можеа да се забележат интересни решенија како да се носат масивните обетки. Дел од блогерките но трасираа трендот на една метална стуктурална обетка, за кои пишувавме, или комбинацијата од различни обетки.

Впечатливи обетки од новата колекција на Parfois
Ова ќе биде сезона на големите обетки, судено и според понудата на high street бренодвите како Parfois или „Манго“, кои дадоа интересни комплети, од метални обетки комбинирани со кристали, дрво и други детали. Без разлика дали ќе изберете ретро гроз модел, или форма како од 80-тите во полна или разгиграна геометриска форма, или пак нов артистички израз, ова ќе биде детал кој ќе го направи повпечатлив вашиот стајлинг.

Модели од пролетната линија на Mango
Нема коментари