Трендсетерките и блогерките очигледно го имаат својот нов омилен дизајнер. Новиот креативен директор на Gucci, италијанскиот креатор Алесандро Микеле, го погоди вистинскиот нерв на девојките што сакаат смели комбинации, впечатливи парчиња и лежерност. Па така, речиси секој сегмент од неговите колекции постепено станува хит во уличната мода. По сандалите а ла Ана Винтур, чантите со монограм , бомбер јакните, металик здолништата, модната вивисекција продолжува со влечките со крзно.
Станува збор за кожени влечки, модел од колекцијата есен-зима 2015-16. Во предниот дел се налик на машки класични обувки со тока, а во задниот дел има крзно. За некои тие се носталгичен модел, што дава ретро шмек на комплениот изглед, но за други е модено парче со кое се прави исчекор напред во изборот на удобни парчиња. Моделот е успешен есперимент, спој на впечетлив и драматично од една страна, со потребата од носиви кежуал парчиња.
За брзо време овие влечки се најдоа на стапалата на познати актерки, водителки и блогерки, како Алекса Чанг, Сиена Милер, Ана Дело Русо, сестрите Олсен и други. Неговата елегатна предна страна овозможува лесна комбинација со бизнис-парчиња, панталони со машки крој, килотки, миди здолништа, молив здолништа, а крзнениот дел им дава луксузен шмек, па така може да се носат со фустани, здолништа и панталони за вечерно излегување. За тие што сакаат баланс во комбинациите, одлично одговараат со фармерки, и лежерни парчиња.(А.Н.)
Нема коментари