Од Копехаген, преку Њујорк, Лондон, Милано, па сè до Париз, инфлуенсерките оваа сезона најмногу носат високи панталони. Моделот со висок струк и фланелните панталони, стана посакувано парче уште оваа пролет, се најде во линиите на популарните модни брендови за секојдневна мода, меѓу кои е доста носената еко-колекција Mango Committed. Трендот продолжи и со есенските колекции, каде што покрај кремастите и бели модели на врзување, сега има широка палтена на високи панталони во поесенски тонови, како жолта, кафена, темносина, темноцрвена, црна, сива и карирана, а неретко се носат и во впечатливи тонови на розова, виолетова, зелена и сина. Популарниот „мама“-модел на фармерки, со висок ретро крој како во 80-тите и 90-тите, исто така влегува во изборот на трендсетерките.
Панталоните со висока половина оваа есен се носат врз кошулте и блузите, но и често, врз џемперите и палтата. Блогерките ги комбинираат со болеро, блејзери со нагласен волумен,мантили, големи џемпери, ролки, како и со бунди и крзнени јакни. Моделот е лесно прилагодлив на сечие тело и дава визулена издолженост на фигурата. Може лесно да се комбинира и да се носи и во кежуал и во бизнис комбинации. Погледнете дел од најитересните стајлинзи со овој модел што „прошетаа“ на улиците на главните модни центри.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари