Џаред Лето, Бредли Купер, Леонардо ди Каприо, Орландо Блум, Кит Харингтон и Крис Хемсворт се само дел од славните момчиња што одушевија со својот боемски имиџ на косата собрана во мала пунџа. Кок фризурите иако се поврзуваат со дамите, сепак низ историјата често се среќаваат како тренд и меѓу мажите.
Изминатата година оваа фризура ја носат мажи што негуваат урбан, кул и бунтовнички имиџ, со бохо-елементи. Иако изгледа дека е несредена и случајно собрана фризура, кај поголемиот дел од новата, модно освестена машка популација тоа е добро смислен потег. Одговара на сите типови на коса и на форми на лице, а најчесто оди во комбинација со брада.
Имено најчесто станува збор за навидум неуредно собрана коса ви опавче, со крајниот дел подвиткан во ластичето. Пунџата е високо поставена на темето, но често поединците се одлучувааат и за пониско собрана коса. Ова е фризура што ја гледаме и на црвениот килим, како дел од имиџот на, во моментов, најпосакуваните мажи во Холивуд.
Нема коментари