Студените есенските денови се идеални за воведување на топли модни додатоци кои истовремено ќе ве штитат и ќе го дополнуваат вашиот стајлинг. На долгата листа на топли волнени, крзнени и кожени додатоци, како капи, ракавици, шалови, марами и траки оваа есен се приклучуваат и турбаните. Тие ќе бидат вистинска круна на вашиот есенски имиџ. Може да ги носите во дневни варијанти, но и како соодветен додаток на вечерните излегувања. Се носат плетени модели, како и уникатни примероци украсени со бисери, светкава мониста и циркони. Во понудата на омилените брендови за секојдневна облека им и верзија со меко кадифе, како и шарени подебели материјали. Покрај турбаните како лента, има и капи-турбани. Доколку се двоумите каков модел да изберете и како да го комбинирате, погледнете ги идеите извлечени од каталозите на модните куќи и од блогерките. *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари