Со повторното актуелизирање на модата од 80-тите години камбек направија и винил панталоните. На изглед се едно од најфотогеничните и најкул модели, но сепак, важат за едни од најтешките за носење и комбинирање. Влијателните модни блогерки оваа сезона ги носат во посмирени, едноставни комбинации, со сив или црн блузон, или со бела кошула со карнери. Некои ги комбинираат со впечатливи јакни, долги црни капути или бунди, со што светкавиот пвц-материјал е во втор план. Забележавме и интересни повеќеслојни комбинации со краток фустан или долга кошула, врз која се носи трендовски џемпер или дуксер. Црните винил панталони може да ги носите со кратки моторџиски чизми, впечатливи чевли на висока потпетица, но и со адидас патики или „старки“, а блогерките често ги спојуваат со мокасинки. Во продолжение се неколку кул стајлинзи со винил панталони.
Нема коментари