Кога сламените шешири, влечките, шорцевите и наметките, кои најчесто ги носиме на плажа, најдоа пат до секојдневниот градски изглед, зошто не би можеле да си носиме и плетените летни торби? Сè повисоките температури во летниот период ги стопија границите меѓу кежуал изгледот за во урбана средина и парчињата за на плажа. Настанаа практични комбинации, во кои подеднакво удобно и опуштено ќе се чувствувате и на асфалт и на песочен брег.
Бохо – изгледот овие летни месеци ќе биде стилски дополнет со сламените торби. Трендсетерките веќе некое време ги применуваат во своите летни и пролетни стајлинзи. Ги комбинираат со романтични бели фустани од тантела, лелени кошули, шорцеви, џинс модели, како и креации со цветни и тропски шари.
Покрај класичните големи модели на плетени торби за на плажа, тие носат сламени мали „плико“, клач или „поштарски“ чанти. Моделите се украсени со шарени волнени топчиња. извезени додатоци, реси и друго. Похрабрите ги комбинираат со поелеганти и бизнис аутфити.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари