Едно од најуниверзалните модни додатоци, што е актуелно во секоја доба од годината и е безвременски – шеширот со декади е совршен заокружувач на изгледот на дамите. Формите и модните конотации во кои е практикуван се менуваа низ годините, но секогаш останува истата елеганција, но и уметничка појава што ја даваат овие шапки. Ако во минатото биле симбол за класна припадност, па потоа асоцијација за слободниот дух и бунт, денеска се неибежен елемент од уличната мода, но и од понудите на светските модни брендови.
Федора-моделите, како тие што се носеле во 30-тите години, измината декада се омилени меѓу блогерите, а често со нив се затскриваат или покажуваат добар стил голем број на ѕвезди. Шеширите со широка стреа беа голем хит во 70-тите години, како дел од хипи-движењето. Денеска ги носат девојки што негуваат бохо стил, а mожеа да се видат и во сезонската понуда на „Сен Лоран“. Доста шик и шармани се шеширите со мала стреа и со основа што покрива поглем дел од главата, што ги носеле модерните дами во 20-тите години. Тие се омилени кај девојкте што сакаат да изгледаат елегантно и не сакаат да привлекуваат големо внимение со драматични шешири. Често овие модели имаат и некој украс, као цвет, панделка, тока и слично.
Оваа есен доминираат шешири во црна, темноцрвена, темносина, виолетова, потокалова, кафена и сивкаста боја. Не мора секогаш тонот да се поклопува со нијансата на облеката. Може едноставно да се искомбинира со соодветна чанта и излгедот да биде модерен и привлечен.Ослично прилегаатсо кожени јакни, крнени елеци, мантили, а посебно се симпатични со актуелниот хит оваа сезона, пончото и ќебе-наметката.
Покрај украсниот елемент, шеширите имаат и практична примена. Покрај тоа што ќе ве заштитат од несаканите надворешни прилики, дожд, снег, силно сонце и друго, тие може да ја покријат вашата неуредна фризура, или да ја поштедат од силен ветар.
Нема коментари