Маица со линии, здолниште со цветови, хулахопки со точки, чанта со апстракни шари и палто со животнински принт…Секое од овие парчиња, поединечно, звучи интересно и трендовски, и веројано повеќето веќе ги носат во својот секојдневен изглед. Но, како би звучело доколку тие се составен дел од еден стајлинг…Премногу! Веројатно тоа е првата реакција. На ова ако додадеме и боја, тогаш првите коментари сигурно ќе бидат-кич и моден невкус. Но кога сево ова ќе го видиме искомбинирано на модел во некој моден магазин или на писта тогаш приказната е друга. Со соодветен стајлинг и баланс на нијансите, шарите може да се комбинираат, а тоа го покажаа и пролетните колекции на модните куќи и дизајнери , кои ги претставија на ревии минатиот септември. Комбинацијата на разните шари оваа сезона не се пракса само на актерските и музички ѕвезди, или пак на блогерите, ниту пак тие се применуваат и во имиџот на сите похрабри љубители на модата. Во нудиме неколку идеи, инспирирани од пистите, каде што навидум неспоивите бои и дезени стануваат една логичка и урбана целина.
Уметничката четка на „Селин“
Туниките, кошулите и блузите на „Селин“ исшарани како со голема уметничка четка неочекувано одлично се поклопуваат со плисе-здолништата, кои исто така се шарени. Во основата, или кај шарите, овие комбинации имаат црна или бела боја, кои прават баланс во целокупниот изглед. Здолништата со неправилен крој се со линии или со симетрични шари. Некои од овие комбинации се заокружени со шарени марами. Слични модели може дасе најдат во пролетните понуди на некои од брендовите за секојдневна облека, како на пример „Зара“.
„Барбери“- новиот, урбан крој на тантелата
Комбинаијата на пруги со точки, можеби во некои посмирени и помали димензии и не е толку нова идеја. Но кога ќе миксате кошула со големи точки и молив-здолниште со дебели линии, когаш мора до совршенство да ги поклопите, за да не изгледа како случајно да сте се облекле набрзина. Совршенствотого постигна британскиот бренд „Барбери“, кој наметна тренд на храбро миксање на две главни парчиња облека со впечатливи принтови. Оваа пролет, благодарение на оваа модна куќа, доста се носат и молив-здолништата од цветна тантела во пастелна боја, комбинирани со блуза со апликација, вез, циркони или исто така од тантела, но во поинаква боја и шара. Вака споени моделите изгледаат неодоливо. Брендот ѝ даде урбана и и кежуал нота на тантелата и од свечен материјал ја промовира во парче за секојдневен изглед.
Поттикнување на фантазијата со „Миу Миу“
Покрај капутите и фустаните со принтови на брендот „Миу Миу“, кои се вистински хит на црвениот килим, колекцијата пролет-лето 2014 ќе биде запаметена по урбаните колоритни комбинации што ги видовме на пистата. Жолт фустан со министа и принт комбиниран со виолтови хулахопки, црвена чанта и палто со змиска шара, или син фустан со црвени хулехопки и чанта со животински принт….Покрај миксот на модели со впечатливи повторувачки принтови, оваа етикета охрабрува на мешање и на тоновите. Ја поттикнува и модната фантазија со користење на минимални, но ефективни детали со разни животински или цветни принтови.
Тајна модна градина на Мери Катранзу
Цветните дезени се интересни за комбинирање со еднобојни модели, но со некои парчиња со минимален принт и со сродна нијанса. Изминатите години се носеа цветни панаталони и здолништа споени со блузи со линиии или со голема апликација во предиот дел, но ретско кој од креаторите се одлучуваше да комбинира две или повеќе модели со различни или слични впечатливи флорални шари. Големата модна надеж Мери Катранзу, откако и даде нова димензија на модата со принтови од фотографија, покажа и дека цветен дезен не мора да изледа нападно и кич, ако го споиме со други шатени парчиња.
Чекор кон иднината со „Питер Полото“
Додека за некои модни сајтови моделите од „Питер Пилото“ се критикувани во рубрики од типот на IN и OUT, модниот двоец поместува некои модни стереотипи. Благодарение на нив шаените фустани и и мисксот на разни принтови на кошули/блузи и здолништа не изгледало поелегатно и по шик. Брендот, кој ја доби престижната награда што ја доделува Британскиот моден совет, дефинитивно ја проектира модата од иднината, каде што ќе бидат напуштени стереотипите за комбинирање на бои, тонови и шари.
Игра на текстури со „Фенди“
Разните текстури и дезени испечатени или искаени на моделите умешно се споени во пролетната линија на брендот „Фенди“. Тоновите се сродни, но има комбинација на силни нијанси на сина и магента-розова, кои по правило би требало да бидат носечко парче во две различни комбинации. Комбинациите се меѓу повторливи принтови, како од модата во 60-тите и тие воопшто не изгледаат нападно.
Елегантен мозаик на „Шанел“
Умешноста да се направи елеганција од шарени модели е привилегија само на големите модни мајстори, како тимот на „Шанел“. Иако шаренилото не е својствено за овој бренд, кој ја слави вечната класика, пролетната колекција беше освежена со принтови, коцки, шари, точки, неонски тонови и други елементи, кои лесно можеле да преминат на другата страна. Но во конкретниот случај направена е комбинација на слични шари но со различен интензитет и густина на елементите. Една од комбинациите е на бела блуза со црни шари споена со црно здолниште со бели точки. Кај другите стајлинзи има принт налик на испрекината фотографија, и парче со штрафти или со коцки.
Малите интервенции со големите принтови на „Прада“
Кога „Прада“ ги промовире капутитеи фустаните со поп-ап принтовите имаше коментари, дали се пренападни, превпечатливи и еднократни за употреба. Но праксака покажа дека ова се модеи што може да се освежуваат со секој нов стајлинг. Со неколку модни интеревенции и комбинации секогаш може да изгледаат ново. Фустаните со голем портрет може да се миксаат со интересни и шарени хулахопки или хеланки, а мантилите и капутите се носат со креации со апстракни шари и разигран крој. (А.Н.)
Нема коментари