Рачно изработените сандали MABU by Maria BK, кои станаа голем хит на познатите модни сајтови и блогови, најавија нов тренд за претстојното лето-додатоци украсени со волнени топчиња. Ова одлично се надополнува на глобалната бохо-тенденција и враќање на уникатните рачно направени украси. Покрај сандалите, со волнени колоритни топчиња следното лето ќе бидат украсени и чантите, а некои брендови за додатоци лансираа и ѓердани и привезоци надополнети со овој детал. Сандалите со волнени топчиња може да ги носите со вашиот аутфит за на плажа, но и да ги прилагодите во својот секојдневен градски изглед. Комбинирајте ги со вашите омилени ленени панталони, со сечените фармерки и лелеваи фустани и здолништа. Интересно е што овие елементи можете и самите лесно да ги направите и аплицирате на вашите износени сандали, апостолки, римјанки и други летни обувки, кои ќе добијат сосема нов изглед. Истото важи и за чантите, кои ќе добијата посмел и повпечатлив изглед.
Нема коментари