Во топлите летни денови некако најпријатно се чувствуваме во облека од тенки ткаенини и со широки кроеви, таков пример се проѕирните и лелеави фустани. Се носат преку ден и длабоко во ноќта, но препорачуваме, особено кај дневните комбинации, да се внимава да не бидат премногу транспарентни. Крајниот ефект не треба вулгарен, туку привлечен. Најдобар избор се фустаните од шифон, во светли и пастелни бои, со нежен дезен, и кои што стилизираат со ниски или сандали со високи потпетици.
Нема коментари