Еден од главните стилови за претстојната сезона е широки и долги панталони, тренд кој беше актуелен и оваа есенско-зимска сезона. Широката силуета е во мода некое време, ќе ја примениме и во пролет 2021 – во прв ред тоа се широките, скоро вреќести панталони, кои изгледаат како да се позамјени од машкиот гардеробер, најчесто долги и насобрани околу зглобовите. За пролетва се предлагаат широки панталоно во беж боја, како во новите колекции на Скјапарели и Луј Витон.
Релаксираниот крој во долниот дел ќе го урамнотежите со тесна облека во горниот дел од телото, на што особено треба да внимаваат жените понагласени облини за да не изгледаат уште покрупно. Широките панталони може да се комбинираат со сако, со џемпери во постудените денови и кошули во пролетните, со обични маици или со блузи во облик на градник, а подеднакво добро стојат и со патики и со сандали.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари