Ова лето е во знакот на моделите на „Сен Лоран“ со принт на црвени усни! Се појавија на насловните страници, во модните едиторијали на влијателните магазини, а се дел од стилот на Ферги и Салма Хајек. Оваа надреалистична шара Ив Сен Лоран ја воведе во своите колекции уште во почетокот на 70-тите години, а Хеди Слиман, креативниот директор на брендот „Сен Лоран“ повторно го возобнови трендот на црвените усни во колекцијата за пролет-лето 2014. Слиман пониди кошули, фустани на преклоп, марами и други креации украсени со црвени усни на црна основа кои брзо станаа омилени во модниот свет.
Нема коментари