Кога пред неколку сезони „Зара“ претстави мини плик-здолниште, комбинација на шорцеви и здолниште, покрена тренд кој беше актуелен одредено време. Сега модните брендови го надградија моделот со миди здолниште со отворен преклоп, што беше брзо прифатено од трендсетерките и ѕвездите на уличната мода. Клучно е должибата да е под колена, а преклопот на предната страна да е што е можно повеќе, крој ова плик-здолништето го прави поразлично од класичното здолниште на преклоп. Дизајнот на плик-здолништето личи малку на оригами дизајн поради асиметричните рабови, а креацијата нуди елеганција и софистицираност со притаен сексапил. Плик-здолништето одлично се комбинира со обична маица и со кошула со класичен крој, со сандали со врвки и со балетанки, со сако наметнато на рамениците и со чанта преку рамо. Одговара на деловен, бајкер-шик, гранџ или гламурозен стил, зависно од парчињата и модните дотатоци со кои се комбинира, што го прави посакувано парче за ова лето.
Нема коментари