Плетените фустани беа голем тренд оваа зимска сезона, оние подебелите одлично одговараат во студените денови, но некои модели како трикотажните со ребрест мотив се идеални за овој преоден период. Иако е веќе пролет, сè уште ги балансираме потопли модни парчиња со оние пролетните. Тренд се ребрестите, припиените и фустаните со макси должина. Нудат удобност, но и елеганција, добар избор се за секојдневни, но и деловни пригоди. Модните брендови понудија повеќе варијации на плетен фустан, долги и куси, со ролка и со изрези, потесни и пошироки.
Нема коментари