Ѕвездите паднаа на ефектот на пеперутката и му се предадоа на смелите брокатни шари на овој инсект насликан на моделите од колекциите на „Валентино“. Играта на пеперутките започнува со колекцијата за пред-зима 2014 што Марија Грација Кјури и Пјерпаоло Пичоли ја направија за модната куќа, а пролжува и во следните колекции. Познатите личности веднаш се одушевија во пеперутките на „Валентино“, а тие станаа најпопуларен мотив на оваа модна година. Попи Делевињ носеше фустан со пеперутки минатата недела на доделувањето на наградите Glamour Awards во Милано, а во слични креации ги забележавме Блејк Лајвли, Флоренс Велч, Алекса Чанг и Џенифер Лопез. Навидум брокатна ткаенина со пеперутки во разни бои може да изгледа премногу комплицирано и понекогаш невкусно, но дизајнерите на бренд успеаја да направат возбудливи креации и прекрасни парчиња облека. Мотивот на пурпурно виолетови, интензивно сиви и бели пеперутки го вметанаа и во модните додатоци, па ако фустан или капут ви изгледа премногу смело, тогаш принтот може да го носите на чевли или чанти од линијата Camubutterfly кои изгледаат како калеидоскоп од пеперутки.
Нема коментари