На прв поглед ги засакувате или ги мразите. Но секако, нема да останете рамнодушни на патиките со панделка, кои се нов тренд во уличната мода. Моделот лансиран од Џошуа Сандерс е впечатлив, и за храбри девојки со став. Станува збор за платнени патики на подебела гумена платформа, со голема панделка на врвот.
Може да се носи во спортска, кежуал, па и во поелегантна варијанта и за вечерни изглегувања. Моделот е удобен и практичен за овој период. Доста се носеше за време на модните недели изматитите две сезони.Овие обувки игледаат масивно на нога, затоа најчесто се комбинираат со фармерки, панталони, миди здолништа и килот-панталони. За летово од Joshua Sanders промовираа и влечки со панделка со сличен дизајн како патиките.
Нема коментари