Кога се купува покрупно парче облека, со намера да се носи повеќе години, како што се капутите и чизмите, често избираме неутрални бои и тонови кои лесно се комбинираат и прилагодуваат за повеќе пригоди. Но, оваа зима креаторите и модните куќи охрабруваат да бидете посмели и да изберете капут во некоја впечатлива или пастелна боја. Можеби не може да се носи во секоја пригода, но се отвора, пак, една цела нова палета на можности за комбинации. Во продавниците за секојдневна облека, и на улиците на големите модни центри, здодевниот избор од зимски бои (кафена, сива, црна, крем и бела) оваа зима е ишаран со модели во повеќе нијанси на розова, сина, жолта, портокалова и зелена. Ќе се изненадите колку се интересни за комбинирање со модните додатоци и колку посвежо и повпечатливо че изгледате. Сивите капути може да ги замените со светло сините. Тие ќе одговараат со истите шалови, капи, чанти и чизми што го носите со сивите. Кремастите може да ги замените со розовите, кафените со портокаловите, а црните со виолетовите и темносините.
Нема коментари