Оваа сезона ја чувствуваме модната фасцинација со едноставната памучна маица без ракави, вообичаено наменета како долна облека, но ова сестрано модно парче добива нова модна димензија која може да се носи на различни начини – во комбинација со широки панталони, шорцеви или фармерки, во спој со златен накит, под сакоа и лесни јакни, под волуменозна кошула, со сатенско миди здолниште. Најчесто среќаваме бели маици со ребрест финиш, но во игра се и моделите во беж, сива, маслинесто зелена, црна или некоја друга неутрална боја. Ова е навидум е обично парче облека, но со стилизирање во вашиот личен израз може да изгледа мошне ефектно. Овој вид на маиците, кои можете да го сретнете и под терминот tank top, беа популарни во модата од 90-тите години, а и ова лето добија посебен третман на модната сцена. Добија и луксузен дизајнерски третман, па се најдоа во колекциите на Прада, Ботега Венета, Лоеве…
Нема коментари