Дебелата зимска облека не мора секогаш да значи натрупаност и неелегантност. Со изборот на соодветни модели со прав крој може да изгледате отмено и во студените денови и притоа да ви биде удобно и топло. Покрај кројот треба да го најдете и соодветниот материјал, кој ќе биде функционален, а ќе изгледа отмено.Во своите колекции за есен-зима 2014 голем број на модни куќи и брендови за секојдневна облека претставија палта и капути изработени од букле. Станува збор за предено или ткаенина што има кадрави нишки.
Прилагодливо е на различни дизајни и може да ја следи линијата на телото, па така често од овој материјал се прават и зимски здолништа и фустани, кои комбинирани со кошула даваат идеален бизнис-изглед. Најзастапени се палтата, кои во комбинација со кожени, метални и други украсни детали се идеални за секојдневниот кацелариски изглед, а може да се носат и на посвечени вечерни излегувања. Со оглед на тоа што ова е сезона на капути со интересни шари и бои, како највпечатлив дел од облеката, може да се изберте модел од букле со интересен крој. Тука е и актуелното пончо/ќебе, кое често е изработено од овој материјал. Можеби најпознатите букле палта се тие на „Шанел“, со шарена волница, кои се симбол за вечна елеганција и кои и денеска добиваат нови, трендовски реинкарнации.
Нема коментари