Инспирирани од традиционалниoт машки пуловер и препознатливите џемпери со двојна V линија на американскиот дизајнер Томи Хилфигер, оваа сезона едни од најзастапените плетени блузи во уличната мода се тие со ве-изрез. Без разлика дали станува збор за аголен исечок околу вратот или само за шара врз горниот дел на блузоните и џемперите, оваа шара, која се среќава и под името „шеврон“ е со впечатливо исцртани рабови. Во меѓусезонските линии на популарните хајстрит бредови се најдоа трендовски блузи со ваков израз. Па, ова налик рекреативно парче е одличен предвесник на пролетта која треба да донесе редефинирање на ретро-спортската облека и нејзино аплицирање во секојдневната и елегатна мода.
Блогерките и влијателните девојки и момчиња на социјалните мрежи најчесто го носат во т.н. смарт кежуал стајлинг, кој е комбинација меѓу елегантно бизнис парче (класични панталони, молив или плисе здолниште и сако), и лежерна креација (фармерки, хеланки со лента на страната или со ветровка). Моделите со ве – изрез се идеални за комбинирање со ролки, кошули и блузи со котрасна боја. Може да се носат и со друг модел со ваков отвор, па да се добие ефект на двојно V. Ви претставуваме инспиративни комбинации и варијации на моделот со ве-изрез од уличната мода.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари