Металикот повторно се враќа во тренд, и тоа во полн сјај. Вистинските следбеници на модата добро знаат дека најдобрите брендови инсистираат да се задржат на врвот и останат постојано водечки во претстојните сезони. И додека капутите, ракавиците и шаловите се хит на сцената, дизајнерите веќе се во потрага по она што ќе го носиме следно. Металик трендот е вистинско сведоштво за тоа. Тој е идеален за лето, посебно кога сонцето е силно.
Но ова е и еден од оние контрoверзни трендови кои се на релација помеѓу љубов и омраза. За некои е тоа претерано и несоодветно, додека други го сметаат за најдобар моден тренд кој ќе опстојува. И иако тоа може да изгледа извонредно и да привлекува внимание, сепак мошне лесно може да се претвори во пародија. Може да биде елегантно, но може да изгледа и ефтино. Лесно може да се случи изглед како на астронаут наместо како некој со префинет и истенчен вкус. Може да биде елегантно но може да изгледа и ефтино.
Балансот е клучот за оформување на овој уникатен изглед. За неискусните во модата ова може да биде тешко справување, па би требало да се почне со додатоците , на пример металик чевли или металик ремен. Откако тоа ќе профункционира може да се прејде и на облеката.
Генерално, без оглед каков е личниот став кон овој изглед, очигледно е дека се повеќе и повеќе дизајнери го присвоија овој тренд широкоградо бидејќи не само што додава интересен допир на боја туку исто така обезбедува единствен текстурален аспект на изгледот кој совршено се надополнува на летните месеци. (С.Ј.Б.)
Нема коментари