Носењето на повеќе од една обетка на едно уво за повеќето веројатно е демоде, тренд кој ги потсетува на тинејџерските денови и на безгрижен или бунтовнички стил. Но повеќе не е така. На Инстаграм сè повеќе девојки и жени, кои негуваат женствен, романтичен, елегантен, па и деловен изглед се фотографираат со интересни комбинации од повеќе обетки на едно уво. Најчесто се носат метални, сребрени или златни парчиња, со дискретен дезен, минимални камчиња и симпатични приврзоци. Ситните може да се комбинираат со повпечатливи обетки, или со модел што се мести околу ушната школка.
Модните брендови за секојдневна мода, како и специјализираите етикети за накит во своите колеции веќе нудат компети од повеќе различни обетки, кои може да ги наредите по големина, во една линија, а сè повеќе се актуелизира разиграното местење, без посебен ред.
Повеќе обетки на едно уво може да се забележат во стајлинзите и на филмските , модни и музички ѕвезди и на црвениот килим. Повеќето ги носат со години, како дел од својот личен стил. Ги имаме видено на Сиена Милер, Ема Вотсон, Скарлет Јохансон, Мајли Сајрус, Ријана, Ферги, Кара Делевињ и други. Дел од нив редат симетични исти обетки, но повеќето практикуваат модели кои се разликуваат во формата, материјалот, додатоците и стилот.
Нема коментари