Бохо-стилот, кој во моментов е актуелен во уличната мода, совршено одговара за изгледот за на плажа. Спо голем дел од парчињата што се носат во секојдневниот имиџ, може да изгледате модерно и за време на одморот покрај море/езеро. Еден од најзастапените трендови, блузите и фустаните со голи рамена, се идеални за на плажа. Нудат удобности лежерност -а лесни се за комбинирање со костимите за капење, обувките , шеширите, чантите, шорцевите и кусите здолништата. Изберете модел од полесен маперијал, памук или лен, посветла боја (бела, светло сина, розова, жолта…). Со ова парче облека после плажа може да продолжите на ручек, пијалак, или прошетка во урбаните средини и повторно ќеизгледате модерно и дотерано.
Нема коментари