Сламените шешири се повеќе од тренд во летните периоди, тие се неопходни во заштитата од силните сончеви зраци, особено кога се наоѓате на отворено подолго време. Тоа е моден додаток кој го купувате еднаш, а го носите со години. Доколку ви здодеал вашиот стар сламен шешир и сакате да ова лето да го освежите-визуелно, може да го пробате во моментов еден од најглемите трендови за „направи сам“ на социјалните мрежи-извезете му порака.
Шеширите „испишани“ со едноставни летни пораки, направени со светкава мониста, се еден од најрастечки модни хитови на Инстаграм. Ваквиот модел на шешир модните сајтови го нарекуваат The Instagram Hat, токму заради неговата сеприсутност на оваа мрежа за споделување на фотографии.
Најчесто се среќава Do Not Disturb (не вознемирувај) а има и други натписи како: hello summer (здраво, лето), Оut of office (надвор од канцеларија)… Се среќаваат и покреативни решенија, со додадени апликации, цртежи, а има и такви со сламени шешири во тандем-кои означуваат блискост со пријателите, партнерот, децата или пак своите миленичиња.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари