Македонските модни дизајнери навистина ги сакаат принтовите и тоа повторно го покажаа на овосезонскиот Моден викенд-Скопје, преку употреба на графички шари, отпечатени фотогарфии и призори од природата во своите колекции. Принтовите ги сретнавме на ревиите за креациите за оваа сезона есен-зима 2014/15, но ги уште повеќе и во колекциите на домашните креатори наменете за следната пролетна сезона. Кај некои од нив дури и целата модна приказна и визија се сведува на избор или креирање на индивидуализирани шари.
Од ткаенините на кои се отпечатени фотографии од режисерот Милчо Манчевски во колекцијата Vibrazioni на Александра Митковска, преку духовитите зебри кај Ирина Тошева до животинскиот зов кај Јована Филиповиќ, ако сакате облека со принт може да ја најдете во новите стилски предлози на македонските креатори. Никола Петровски се впушти во уживање во природата и прикажа летни парчиња во богат принт, а минималистичкиот и монохроматски опус на Јован Петровски е суптилно разигран со црно-бел апстрактен и принт со мртовечки глави. Неколку шари забележавме кај Олцига Ѓоргиева, потоа кај балерините кои настапија на ревијата на Лидија Георгиева, а богати шари во бохо-стил имаше и кај Оливера Шекутковска. Најекпресивни беа авангардните модели на српска дизајнерка Ивана Пиља во Скопје прикажа модели од постара колекција со принт на јапоснкиот инсект цикада. Иако не спаѓа на списокот на домашни автори, ја вметнаве во оваа приказан токму поради.
Облеката со шари на македонските автори нуди автентичност, необичност, впечатливост. Дизајнерите најчесто креираат парчиња во кои шарата ја има главната улога, но понекогаш принтот го инсертираат на облеката. Креациите со многу смел принт добро се комбинираат со базични зимски, па и со пролетни парчиња облека.
Ирина Тошева
Нема коментари