Масивни ѓердани, неколкуслојни алки, структурални големи обетки и модели за на цело уво, како и колани на врзување се само дел од модните додатоци што ќе се носат следната сезона. Судено според тоа што го претставија модните куќи и славните креатори на неделите за мода во поголемите модни центри пред неколку месеци, пролет-лето 2015 ќе биде во знакот на впечатливиот накит. Иако можеби не е новина, во споредба со претходната сезона, овој пат акцент се става на металните додатоци комбинирани со различни материјали и елементи, како реси, плетива, бисери, кристали, пластика и друго. Новина е и носењето на големи парчиња на повеќе делови од телото изтовремено, ккао и комбинацијата со шарена облека.Ѓерданите се со големи детали, крупна мониста и нагласени токи, повеќето се испрепрелетни и со неколку слоја. Алките се носат долж целата рака и се украсено со различни додатоци кои наликуваат на дел од облектаа. Обетките,пак, покрај варијациите за на целата ушна школка, сега се и го голем волумен, висечки и со инспирации од африканските племиња. Оваа пролет-лето диксретните колави ќе бидат заменети со дебели кожени модели скои се со преклоп и врзување, како кај кимоната.
Нема коментари