Можеби не е за секоја пригода, но џинсот секогаш прави да се чувствувате енергично и слободно. Никогаш не излегува од тренд, лесно се комбинира и дополнително инспирира за модни експерименти. Не старее, и не дозволува ни вашиот имиџ ниту дух да остарат. Во нив сте засекогаш млади. За претстојната сезона пролет-лето 2017, покрај фармерките и јакните, се актуелизираат и мини здолништата од џинс. Во колекциите на high street брендовите има богат избор од тексас здолништа, со копчиња или патент во предниот дел, со метални и кристални нитни, со везови и поп-ап апликации. Се носат и модели налик на сечени и распарани тексас здолништа.
За време на модните недели на улиците во Њујорк, Лондон, Милано и Париз изминатиов месец можевме да забележиме бројни комбинации со тексас здолниште. Блогерките и трендсетерките ги комбинираат со бомбер јакни, војнички палта, блузоини, џемпери, блузи и кошули со ракави со нагласен волумен, топ со карнери, со ролки или со мантили. Во продолжение се неколку инспиративни комбинации со ова парче.
Нема коментари