Иако покриваат само мала површина од телото и се наменети за само една сезона, и кај бикините секое лето има нови трендови. Доколку не сакате да тршите мало богатво секое лето на неколку нови пара костими за капење, стилистите предлагаат да почнете да ги комбинирате старите парчиња со новите или да ги миксате во необични варијанти. Доколку сакате и на плажа да изгледате модерно и интересно, избегнувајте го класичниот спојот на горен и долен дел со иста боја или шара. Тоа веќе неколку години наназад се смета за здодевно и предвидиво.
Биде похрабри, комбинирате констрасни бои и навидум неспиви шари. Доколку имате два или три пара костими за капење со различни шари, можете да направите различни комбинации секојден. Безгрешен е спојот на едно базично парче, со дискретна шара или една боја со некој шарен модел. На пример, креација со цветен дезен, животински принт или со графички апликации миксана со еднобојни долен (и обратно) или со парче со пруги или точки.
И самите брендови кои лансираат колекции на костими за капење даваат можност за комбинирање на моделите. Така, не ретко се продаваат бикините по парче, па се остава на вашата имагинација како ќе ги комбинирате. Има широки можности и при спојот не само на различните шари, туку и на рсзлични модели со различни текстури. Комбинирањето на двата дела помага при сокривање на недостатоците и нагласување на вашата креативност. Во продолжение ви даваме неколку идеи како стилски да ги мешате бикините.
Моделите со пруги одговараат со сите еднобојани, но и со шарените креации
Шарен горен дел со еднобојно долно парче
Микс на три шарени комплета со сродни бои
Нема грешка со бела или црна основа
Бескрајна игра со црните и белите костими
Нема коментари