Како контратежа на роматичниот тренд, со карнери, цветни везови и принтови, сребрени, бели и розови тонови, оваа пролет се актуелизираат и јакните во маслинесто зелена боја. Покрај војничките модели и кроеви, во ова нијанса се и бомбер јакните, мантилите, парка моделите, ветровките и кабаниците. Оваа боја одлично одгова со пастелните бои, како розовата, портокаловата или сината. Може да се комбинира со џинс, или со коженипарчиња, а трендсетерките и блогерките ги комбинираат и во бизнис варијанта. Најносени се кежуал комбинациите, но не се ретки и тие во спој со нежни женствени бели или цветни фустани, со свечени парчиња или пак со кроеви позајмени од машкиот ормар.
Инаку војничко зелените јакни беа доста актуелни изминатава зима, посебно по напливот на моделите со крзно во боја, попу ларно наречени бон-бон јакни (по стилот на Ера Истрефи во спотот за песната Bonbon).
Нема коментари